Автобус со пакистански морнарички офицери и нивните семејства денеска излетал од патот, при што загинале најмалку девет лица, а повредени се десетици други, соопштија официјални лица, јави ДПА.

Автобусот патувал кон јужниот пристанишен град Карачи од југо-западната провинција Балочистан, изјави полицискиот службеник Абдула Балоч.

Балоч додаде дека несреќата се случила кога на возилото се појавила техничка грешка додека се движело по крајбрежниот автопат, на неколку километри пред крајната дестинација.

Поради грешката возачот изгубил контрола над возилото и паднал во неколку стотици метри длабока клисура, додаде полицискиот службеник, пренесе гермснаката агенција.

Спасени се најмалку 29 лица со повреди, кои веднаш се пренесени по различни болници, додаде Балоч.

ДПА потсетува дека во Пакистан има мноштво сообраќајни несреќи од лошата патна инфраструктура, застарените возила и лошиот безбедносен режим, што резултираат со најмалку 5.000 смртни случаи годишно, покажуваат официјалните статистички податоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 14:39