Општина Чаир ќе додели 720.000 денари (12.000 евра) финансиска помош за погодениот регион од земјотрес во Албанија, одлучи денеска на вонредна седница Советот на Општина Чаир.
-Освен оваа финансиска помош, денеска собираме и потребни материјали кои во текот на денот ќе бидат испратени во Драч и неговата околина, како што се: ќебиња, медикаменти, прехрамбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства, опрема и средства за отстранување на урнатини и друго, информира градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, заблагодарувајќи им се на советниците за брзата мобилизација.
Од општината информираат кон хуманитарната иницијатива за обезбедување помош се придружиле многу домашни компани како: Ефтинија Импекс, Херба, Луто Комерц, Хост МК, Баст Тути Фрути, Буши Ресорт и Риа Transfer Money.
– Се надеваме дека оваа мобилизација ќе биде мотив многу компании да се приклучат и да помогнат, велат од општината.