Кривична пријава за семејно насилство е поднесена против 45-годишен скопјанец кој во два наврати ја физички ја малтретирал својата сопруга.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кривичната пријава е поднесена против И.С. кој се сомничи за сторени кривични дела „телесна повреда во вршење на семејно насилство“ и „загрозување на сигурноста во вршење на семејно насилство“.

Тој на 24 септември и 2 октомври во семејниот дом физички ја нападнал сопругата Д.С. и и упатил закани по животот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 17:59