Корисниците од улицата „Лазар Личеноски“, објектите на СРЦ Кале – лизгалиште, КФМ и спортска сала Кале, градилиштата под Кале, како и останатите објекти во тој дел од Општина Центар утре од 8:15 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Осма Ударна бригада“, објектот на Шведската амбасада, како и објектите лоцирани на плоштадот Сквер Јадран, а од 9:30 до 14:30 корисниците од улицата „Осма Ударна Бригада“ во Општина Центар.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.