Пред Денот на благодарноста во САД секоја година се поставува прашањето – на која мисирка ќе и биде поштедена судбината на традиционалната празнична вечера со одлука на претседателот. Оваа година Белата куќа воведе новина што ќе им овозможи на Американците да влијаат врз одлуката на Доналд Трамп.

Белата куќа е спонзор на он-лајн натпревар што треба да му помогне на Трамп да одлучи дали да го поштеди мисирот тежок 20 кг наречен „Бред“ (леб) или оној наречен „Батер“ (путер) и тежок 21 кг.

„Бред“ сака лесен пијалок со вкус на цреша, черивајн, блуграс музика и колеџ кошарка.

„Путер“ ужива во помфрит од сладок компир, слуша гајди и гледа Наскар.

Одлуката на Трамп се очекува попладнево, по што тој ќе отпатува за Флорида каде ќе го помине Денот на благодарноста со семејството – 28 ноември.

Традицијата американскиот претседател да поштеди мисирка пред Денот на благодарноста е стара 30 години.

Ја почна Џорџ Буш постариот во 1989 година кога „спаси“ мисирка тешка 23 килограми.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 21:22