Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, размислува да го казни играчот од средниот ред Рос Баркли и да го остави надвор од лондонскиот тим за утрешното гостување кај Валенсија во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Англискиот интернационалец не игра за Челзи од 19-ти октомври поради проблеми со глуждот, со надеж дека ќе запише минути на претстојната средба.

Сепак, 25-годишниот играч од средниот ред се најде во интересна ситуација надвор од теренот. Баркли беше снимен гол во ноќен клуб во Дубаи за време на паузата на репрезентацијата, додека се опоравуваше од повредата.

Ова е втор пат оваа сезона во која Англичанецот се вклучува во незгодна ситуација надвор од теренот. Во септември, тој беше вмешан во инцидент со таксист. Лампард тогаш го казни откако го остави надвор од групата што патуваше во Франција за да го посети Лил.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 23:22