Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мексиканските наркокартели ќе ги окарактеризира како терористи поради нивната улога во трговијата со дрога и со луѓе.

– Тие ќе бидат обележани … Работам на тоа последните 90 дена. Знаете, тоа не е лесно. Мора да поминете цел процес и ние тоа го правиме, рече Трамп во интервју со конзервативниот новинар Бил О”Рали, кое се емитуваше вчера.

Министерот за надворешни работи на Мексико во понеделникот изјави дека не очекува САД да го направат тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 10:01