Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан ќе учествува на 10. Босфорски самит во Истанбул, каде што е предвидено да има обраќање на тема „Иднината на глобалната светска размена во променливиот свет“.

Самитот традиционално се одржува од 2010 година и трае три дена, до 29 ноември.

Како што информира кабинетот на министерот Хасан, на Самитот е најавено учество на претседатели, премиери и министри од повеќе земји, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе биде еден од говорниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 10:29