Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека документи од кеш меморијата на компјутерите докажува дека кинеските власти се вклучени во масовна и системска репресија врз муслиманите и другите малцинства на западот од Кина.

Помпео изјави дека, според документите, нема сомнение во обемот на камапњата во кинескиот регион Синѓанг.

Се проценува, наведува тој, дека околу милион лица се наоѓаат во логори и дека Кина треба да ги ослободи сите кои самоволно ги затворила.

Протекувањето на класифицираните информации покажало дека камповите не се за доброволна обука за работа, како што наведува Пекинг. Во нив се наведува дека камповите се користат за присилно идиолошко превоспитување.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 10:58