Жителите на еден од најзагадените градови во светот, Њу Делхи, главниот град на Индија, сега ќе можат да си купат чист воздух.

Имено, еден бар во градот отсега им нуди на гостите за 300 рупи (3,82 евра) да си купат 15 минути вдишување кислород. Таа услуга, всушност, претставува луксуз за голем број граѓани поради смогот во Њу Делхи.

Во многу делови на северна Индија, квалитетот на воздухот се влоши до ниво „опасно“, со можност тоа да предизвика сериозни заболувања на дишните патишта. Властите беа принудени да затворат голем број училишта, да запрат изградби и да го ограничат движењето на возилата на патиштата во Њу Делхи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 16:28