Германскиот фудбалски прволигаш Херта го назначи Јирген Клинсман на функцијата главен тренер на тимот, информира прес-службата на клубот.
Договорот на 55-годишниот стручњак е со важност до крајот на тековната сезона.
Исто така, се соопштува дека досегашниот тренер Анте Човиќ поднесе оставка.
По 12 кола од германскиот шампионат, Херта го зазема 15-то место на табелата во Бундеслигата.
Клинсман е без тим од ноември 2016 година. Тој претходно беше тренер на Баерн, репрезентациите на Германија и Соединетите Американски Држави.