Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го повика целиот исламски свет да ја поддржи Албанија која вчера ја погоди катастрофален земјотрес, јави агенцијата Анадолија.

– Сметам дека треба да застанеме покрај Албанија, тоа треба да биде особено должност на нашата Исламска организација за развој. Мислам дека ќе биде многу корисно да се преземе овој чекор. Тоа е братска должност, корисно е да се преземе таков чекор, рече Ердоган во обраќањето на годишниот состанок на Организацијата на исламска соработка.

Тој информира дека по веста за земјотресот двапати разговарал со премиерот на Албанија, кој го известил во потресот загинале 26 лица.

– Меѓу членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации, мислам на постојаните членки, нема ниту еден муслиман, ниту пак земја во која народот е муслимански. Невозможно е до бескрај да продолжи овој неправеден систем изграден од страна на победниците во Втората светска војна, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 19:27