Француски европратеник Жордан Бардеља, кој доаѓа од редовите на Националниот фронт на Марин Ле Пен, до Европската комисија упати иницијатива за прекинување на процесот на проширување со БиХ.

Овој радикален француски политичар, кој на минатите избори дури беше и носител на листата на Националниот фронт за Европскиот парламент, во иницијативата наведува дека за БиХ и другите земји од регионот нема место во ЕУ.

Тој во својата иницијатива наведува дека актуелната мигрантска криза зборува за неприлагоденоста на балканските земји да се приклучат кон подрачјето во кое луѓето ја уживаат слободата на движење, а тоа е ЕУ.

Во актот тој наведува дека БиХ дури на 15 февруари 2015 година, осум години по склучувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, се пријавила за приклучување кон ЕУ.

-Почетната проценка на ЕК утврди дека земјата не исполнила серија критериуми што се однесуваат на правното наследство на ЕУ, што значи дека се потребни значителни поодбрувања во областите на информирањето и медиумите, социјалната политика, вработувањето и правосудниот и безбедносниот апарат. Што е уште полошо, проценката на еколошката политика во земјата била целосно неспоива со стандардите на ЕУ. Речиси 34 милиони евра, средства од ЕУ, во 2018 година и биле ставени на располагање на БиХ за таа цел, а за аранжманите за управување со миграциите во земјата се расправало на пленарна седница во Брисел, во ноември 2019 година“, истакна Бардеља.

Оваа иницијатива на францускиот радикал, инаку, доаѓа по неодамнешната изјава на претседателот Емануел Макрон за тоа дека БиХ е темпирана бомба која поткривнува непосредно до Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 19:33