Во желудникот на 10-годишен мртов елен пронајден во национален парк во северниот дел на Тајланд пронајдени се седум килограми отпад, јавија локалните медиуми.
Вработените во националниот парк од стомакот на животното извадиле, меѓу другото, и машки долен веш, најлонски кеси, кесички за инстант кафе, гумени ракавици, мал пешкир и друг вид отпад. Тие соопштија дека еленот јадел пластика подолго време пред да угине.
Претходно годинава на Тајланд беше пронајдено бебе дугонг кое умрело откако јадело пластика.
Локалните власти најавија проект за собирање на отпад во паркот во кој ќе бидат ангажирано локалното население. Најавена е едукација на локалните жители за тоа како оставената пластика во паркот и штети на животната средина и животните.