Без претходно да достават план на летање, два пара турски воени авиони, денеска влегле во грчкиот возушен простор (FIR Атина) и веднаш биле препознаени и пресретнати од грчи воени авиони, согласно меѓународните правила, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на Генераштабот на армијата на Грција.
Според истите информации, два турски F-4 во 10.34 часот утрово прелетале над островите Макрониси и Антропофагос на 10 илјади стапки, а во исто време, два F-16 над истите острови прелетале на 16 илјади стапки, јави дописничката на МИА од Атина.