Претседателот на САД Доналд Трамп претставува еден од најголемите предизвици за Европската унија бидејќи се моли за распаѓање на Европската унија, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Трамп ја поздрави одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, оквалификувајќи ја Европа како трговски „непријател“. Трамп, исто така, го доведе во прашање и трансатлантскиот одбранбен сојуз – НАТО.

– Првпат во историјата постои американски претседател кој отворено се спротивставува на обединета Европа. Тој го поддржува Брегзит и се моли за распад на Европската унија, рече Туск во интервју за германскиот неделник „Цајт“.

Туск го опиша Трамп како решен да ја ослабне ЕУ и рече дека може да биде најтешкиот предизвик за организација.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 23:22