Снежната бура која го погоди западниот дел на САД предизвика блокада на патиштата, а со стотиците откажани летови многумина Американци ќе мора да ги сменат плановите кои сакаа да патуваат за Денот на благодарноста.
Во Колорадо паднаа 30 сантиметри снег, а во областа на Денвер ветрот достигна брзина од 72 километри на час. Речиси 500 летови вчера попладне беа откажани, а 350 одложени на меѓународниот аеродром во Денвер. Околу 55 милиони Американци планираат со авион или пак со автомобил да отпатуваат до места оддалечени најмалку 80 километри од своите домови за празникот кој се одбележува утре.
Во Канзас и во западниот дел на Небраска паднаа од 10 до 20 сантиметри снег, а силата на ветрот изнесува 80 километри на час. Некои патишта, како и училишта се затворени поради лошите временски услови.
Се очекува уште посилна бура да ги погоди Северна Калифорнија и Орегон, а во планинските предели да падне од 30 до 90 сантиметри снег.