Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска го отфрли американскиот интервенционизам, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека работи на тоа мексиканските наркокартели да се прогласат за терористички организации.

– Соработка да, интервенција не, истакна Обрадор.

Претходно Трамп изјави дека САД „губат 100.000 луѓе годишно поради тоа што се случува и доаѓа од Мексико.

Обрадор изјави дека Мексико ќе се посвети на тоа прашање по Денот на благодарноста во САД и го овлсти мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрад да ги води разговорите.

Согласно американските закони, ако одредена група биде прогласена за терористичка организација, противзаконски е американските граѓани да им пружаат помош, а членовите на терористичката организација не можат да влезат во САД, туку можат да бидат депортирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 23:44