Откако на Роберт Просинечки му беше раскинат договорот, фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во плејофот за место на Европското првенство би можел да ја води поранешниот српскиот селектор Младен Крстајиќ.
Босанците во плејофот играат со Северна Ирска, а ако победат, би се сретнале подобриот од дуелот на Словачка и Република Ирска.
Како главни наследници на Просинечки се спомнуваат Крстајиќ (актуелен претседател на Радник од Бјелина, и добро котира кај некои членови на управниот одбор на Федерацијата на БиХ), Винко Мариновиќ кој имаше успех со младите, и Сафет Сушиќ кој ги однесе на СП 2014 година.