Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се непроменети на месечно ниво и повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистка.

Во октомври во однос на септември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,8 проценти и Трајни производи за 0,2 проценти.

Во споредба со октомври минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 проценти, Капитални производи за 1,5 проценти и Енергија за 1,7 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2019 19:31