Холандската крајбрежна стража денеска почна опсежна потрага по исчезнат рибарски брод, кој најверојатно потонал во Северното Море.

На бродот биле две лица, кои рано изутринава испратиле сигнал за помош, на околу седум километри западно од островот Текел, соопшти крајбрежната стража.

Покрај спасувачки бродови и хеликоптери, во потрагата се вклучи и морнарицата, која со радар го лоцираше, она за кое се верува дека е потонатиот брод. Поради немирното море, нуркачите не можеле веднаш да почнат со акција за пребарување.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2019 19:38