Во најновиот извештај за политики на „Еурофонд“ се наведува дека мигрантите од првата генерација во земјите-членки на Европска Унија имаат десетпати поголема веројатност да бидат дискриминирани на работното место врз основа на расата, етничка припадност или бојата на кожа отколку домашните работници, додека втората генерација мигранти имаат петпати поголема веројатност да бидат дискриминирани.
Но, и покрај таквите резултати, само два отсто од работниците пријавиле дискриминација на просторот од ЕУ.
Во истражувањето на „Еврофонд“ на тема „Како местото на раѓање влијае на твоето на работно место“ покажува дека најраспространета дискриминација е поради националната припадност.
Таквиот тип на дискриминација е пријавен од страна на 11 отсто од мигрантите-работници од првата генерација и од страна на три проценти од мигрантите од втората генерација. За споредба само еден отсто од домашните работници пријавиле дека биле дискриминирани на работното место.
Истражувањето покажува и дека мажите од првата генерација мигранти-работници се оние кои најмногу биле изложени на дискриминација.
Според резултатите од истражувањето, „Еврофонд“ препорачува дека треба многу повеќе да се направи во борбата против дискриминација на работното место. „Еврофонд“ ја потенцира важноста на улогата на социјалните партнери при набљудување и споделување на информации за работното место и секторските практики во овој поглед.