Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) тврди дека во повеќе наврати бил спречен да оствари средба со вработените во компанијата Мермерен комбинат ад Прилеп од страна на менаџментот.

Согласно со Конвенцијата 87 на Меѓународната организација на трудот, Законот за работните односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор како и Колективниот договор имаме загарантирано право на ниво на непречена комуникација која задолжително треба да се овозможи од страна на работодавачот. За жал, ова е спречено од страна на менаџментот во компанија која евисокопрофитабилна и со странски капитал, но уште повеќе активностите се спречуваат од домашниот менаџер, наведува СГИП во соопштение.

Синдикатот укажува дека посетите ги бара со цел да ги дознае моментните случувања на вработените, нивните барања во однос на правата од работен однос, поголеми плати и надоместоци, услови за работа, безбедност и здравје при работа, бенефициран стаж кој не го добиваат од 2013 година и се што е поврзано со работниците и нивното информирање и консултирање.

– Ова како претставници на Синдикатот ни дава сомнеж дека работите не се онакви какви што ги претставува работодавачот, па постои страв од Синдикатот изворно да ги слушне вработените кои со собрани 200 потписи се обратија до Синдикатот, велат од СГИП.

Според СГИП, Трудовиот инспекторат од Прилеп постапува како да ги заштитува работодавачите, а не вработените. Не сакале да констатираат преклршок во текот на нашата посета, туку, според соопштението, остварија индивидуална средба со директорката.

-Нема да запреме до крајната инстанца во нашата држава да ја исправиме оваа неправфда кон вработените во мермерниот комбинат Прилеп и ги охрабруваме да останат со Синдикатот за надминување на сите прашања и проблеми кои се провлекуават овие неколку години. Апелираме да бидат истрајни во барањата кои ќе ги надминеме ако треба повторно и по судски пат, бидејќи имаме повторно претставка до Државен инспекторат за труд Скопје каде бараме да се постапи согласно со закон и да се донесе решение со кое ќе се констатира прекршок за горенаведените барања, да се изрече санкција и да се задолжи работодавачот да ги отстрани неправилностоте при работењето, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2019 19:48