Европската Комисија го објави својот редовен извештај за состојбата на условите за потрошувачите во ЕУ, свеста за животната средина е во пораст секаде, посебно во земјите од југот и истокот.

Свеста за климатските промени сѐ повеќе ги засега потрошувачите, и над 56 отсто од граѓаните на сите земји-членки на ЕУ ги имаат на ум последиците врз животната средина кога купуваат. Оваа стапка е највисока во јужните земјите членки на ЕУ (59 проценти) и во источните земји (57 отсто), се наведува во извештајот на Европска Комисија.

– Слична е стапката на луѓе во ЕУ кои веруваат во студиите за животната средина (над 55 отсто), а 64 проценти од потрошувачите избираат да поправат производи како правосмукалки, телевизори и смартфони наместо да купат нови. Сепак, стапката на оние кои се одлучуваат за нов производ останува висока – 36 отсто оценува ЕК.

Експертите констатирале дека кога можностите за циркуларна економија и постојат и кога добро се информираат потрошувачите, тие имаат поголема тенденција да го сменат своето однесување и да се одлучат за потрајни поодржливи производи.

Извештајот редовно ги анализира и мери условите за потрошувачите во земјите членки на ЕУ плус Исланд и Норвешка во делот на нивната доверба, на почитувањето на стандардите на производите и услугите на пазарот, како и во делот на поплаките и решавањето на споровите помеѓу потрошувачите и продавачите.

Другите наоди од извештајот покажуваат дека правата на потрошувачите се почитуваат во најголем дел. Потоа дека потрошувачката онлајн се зголемила во текот на 2018 година за да постигне 60 отсто, и продолжува да расте и покрај големите разлики помеѓу земјите членки.

Додека 80 проценти од потрошувачите во Данска купуваат на интернет, стапка која паѓа на 20 отсто во Романија и Бугарија.

– Среќна сум што гледам дека потрошувачите се сѐ посвесни за последиците врз животната средина кога купуваат, како што наближува Божик ги повикувам сите потрошувачи да се свртат кон сигурни продавачи, да се запознаат со нивните права и да купуваат одговорно, еврокомесарката задолжена за потрошувачите Вера Јурова.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2019 22:02