Унгарското обвинителство денеска поднесе обвинение против украинскиот капетан на швајцарски крузер, кој се судри со помал брод во мај годинава на Дунав во Будимпешта, при што загинаа 27 лица.

Од загинатите, 25 се Јужнокорејци.

Во несреќата загинаа и капетанот Мермаида и членовите на екипажот, а еден јужнокореец се уште не е најден.

Помал туристички брод со 35 лица потона откако во него удри крузер во Дунав.

Ова е најголемата несреќа на реката во последните педесет години.

Швајцарската фирма Викинг Крузес, која е сопственик на крузерот, рече дека соработува со унгарските истражители.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2019 22:05