Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, нема да преземе никакви мерки и евентуални санкции против Бугарија за мешање на држaвата во фудбалот.

После натпреварот Бугарија – Англија, претседателот на бугарската фудбалска федерација, Борислав Михајлов, си даде оставка, и тоа откако јавно се дозна дека оставката од него ја побарал лично премиерот Бојко Борисов.

И покрај тоа, според УЕФА, државата Бугарија не се мешала во фудбалот. Раководителот на секторот за развој на националните асоцијации при УЕФА, Тјери Фавр, вечерва ќе дојде во Софија, и ќе собере информации околу состојбата со федерацијата која има многу проблеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2019 22:41