Во третиот квартал годинава споредено со претходниот квартал трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,1 отсто, за материјали се пониски за 1,2 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 2,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2019 година, во споредба истиот период лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,7 проценти, за материјали се пониски за 1,4 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 9,1 процент.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2019 11:52