Девизните резерви во третиот квартал годинава се зголемиле за 174,4 милиони евра, објави Народната банка.

Во третиот квартал година во тековните трансакции со нерезидентите е остварен суфицит од 184 милиониевра. Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварeни нето-одливи, како одраз на тековите кај категориите валути и депозити, портфолио-инвестиции и трговски кредити. Од друга страна, нето-приливи се забележуваат кај директните инвестиции и долгорочните заеми.

Поволните остварувања во тековните трансакции со нерезиденти во третиот квартал од 2019 година се резултат на нето-приливите остварени кај секундарниот доход и размената на услуги (552,1 милион евра, односно 180 милиони евра, соодветно), коишто ги надминаа дефицитите остварени кај стоковната размена (432,5милиони евра) и кај примарниот доход (115,5милиониевра).

Споредено со вториот квартал од годината кога тековната сметка забележа дефицит од 40,9 милиони евра, во третиот квартал тековната сметка бележи позитивна промена од 224,9милиони евра. Најзначајни квартални подобрувања се остварени кај секундарниот доход и кај размената на услуги во износ од 144,5 милиони евра, односно 82 милиона.

Во споредба со третиот квартал од минатата година, суфицитот во тековната сметка е намален за 15,9 милиони евра.

Според народната банка, кај финансиските трансакции со нерезиденти, во третиот квартал од 2019 година се остварени нето-одливиод 217,2 милиона евра. Позначајни нето-одливи се евидентирани кај валутите и депозитите (98,7 милиони евра), портфолио-инвестициите (72,2 милионаевра) и трговските кредити (41 милион евра), додека нето-приливи се остварени кај директните инвестиции (62,4 милиони евра) и кај заемите (54,3 милиони евра). Девизните резерви бележат зголемување за 174,4 милиони евра.

Во третиот квартал, кај директните инвестиции се остварени нето-приливи од 62,4 милиони евра. Анализирано по компоненти, ваквите остварувања се резултат на нето-приливите кај меѓукомпанискиот долг (43 милиони евра) и кај сопственичкиот капитал (22,7 милиони евра), при нето-одливи кај реинвестирањето на добивката (3,3милиони евра).

Од почетокот на годината заклучно со септември, се остварени нето-приливи врз основа на директни инвестиции во износ од 113,3 милиони евра. Во третиотквартал од 2019 година, обврските врз основа надиректни инвестиции бележат зголемување од 119,4 милиони евра, како резултат на нето-растот на обврските врз основа на меѓукомпанискиот долг (85 милиониевра) и сопственички капитал (35,4милиони евра), наспроти намалената реинвестирана добивка. Негативниот предзнак на реинвестираната добивка е резултат на релативно високиот износ на исплатени дивиденди во третиот кварталод годинатаво износ од 106 милиони евра.

Во првите три квартали од годинава, нето-приливите од трговски кредити (135,5 милиони евра), директни инвестиции (113,3 милиони евра)и од заеми (98,1 милион евра) ги надминаа нето-одливите на средства врз основа на портфолио-инвестиции (114,3 милиони евра) и валути и депозити (103,8 милиони евра), што овозможи финансирање на дефицитот во тековната сметка од 13,1 милион евра и значителен раст на девизните резерви од 218,2милиона еврa.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 09:38