Германските навивачи не му даваат големи шанси на националниот тим во фудбал на нивната земја дека може да го освои Европското првенство следната година.

Само една петтина од анкетираните веруваат дека германскиот „Елф“ е доволно добар за да може да стане европски првак, а 54 проценти се сигурни дека Германија нема да стигне до финалето на „Вембли“.

Селекторот Јоаким Лев, пред жрепката рече дека не се плаши од никого и сеедно му е кои противници ќе им се паднат. Теоретски, можно е ривал на Германија во минхенската група да биде и македонската репрезентација. Тоа ќе се случи доколку „црвено-жолтите“ и Романија одат на ЕП преку Лигата на нации.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 09:40