Натпреварот на Фиорентина и Лече кој заврши со победата гостите од 1:0, освен по поразот на неговиот тим, францускиот фудбалер Франк Рибери, ќе го памети и по повредата која ја здоби.

Од клубот се плашат дека може да станува збор за посериозна повреда, која ветеранот би го оддалечила подолго време од терените.

Рибери доби силен удар во глуждот на десната нога, и од терен излезе со помош на лекарскиот тим на Фиорентина, па беше заменет со Кевин Принс Боатенг. Додека излегуваше, кај Рибери имаше солзи во очите, како комбинација од болка со разочараност и страв дека можеби му претстои подолга пауза.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 10:53