Шпанскиот фудбалски тренер, Кике Санчес Флорес, ги минува своите последни часови, можеби и минути како тренер на премиерлигашот Вотфорд.
Според англиските медиуми, после синоќешниот пораз на Вотфорд од Саутемптон, клубот донел одлука да се раздели со Шпанецот, и останува само да се договорат деталите околу раскинот на соработката.
Кике го водеше Вотфорд во сезоната 2015/2016, потоа работеше во Еспањол и Шангај Шенхуа, а во Вотфорд се врати во септември, кога го замени сонародникот Хави Грасија. Сепак, на клупата на англискиот тим доби само еден од десетте меча, едниот пораз беше со 0:8, и тимот е заглавен на последното место на табелата.