Екипи на Општина Аеродром утринава веднаш почнаа да ги поправаат оштетените детски игралишта што викендов беа цел на вандалски чин.

Најголема штета е забележана на детското игралиште во населбата Лисиче во непосредна близина на крстот, а оштетени се и новопоставената новогодишна елка во населбата Мичурин, како и други украси на повеќе локации.

Изминатите месеци вандали уништија реквизити и на други детски игралишта во Општина Аеродром, а беа запалени и повеќе контејнери. Сите случаи се пријавени во полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2019 14:35