Мексиканските власти денеска соопштија дека во една цистерна во државата Табаско пронашле и заплениле повеќе од тон кокаин.

Во соопштението на војската се наведува дека скенерот на контролниот пункт на автопатот забележал „аномалии“ во товарот што цистерната го превезувала.

Во цистерната во петокот биле пронајдени 1.153 пакетчиња кокаин со вкупна тежина од 1.109 килограми.

Уапсен е возачот на цистерната.

Кокаионот од Јужна Америка до Мексико главно се пренесува со бродови и помали авиони, а потоа се шверцува до границата со САД, забележуваат американските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2019 19:27