Сопственикот на италијанскиот фудбалски клуб Бреша – Масимо Селино, изјави дека Марио Балотели би можел да го напушти тимот на слободен трансфер во јануари.
Блотели, кој е роден во Бреша, се приклучи на тимот во текот на летото, но има постигнато само два гола на шест натпревари за тимот, кој е последен во Серија „А“ со само 2 победи на 13 натпревари.
– Марио е тажен затоа што не може да ја покаже својата игра. Борбата за опстанок во Серија „А“ бара огромни жртви. Можеби мислеше дека работите тука ќе бидат многу поедноставни. Во јануари, Марио е слободен да си замине ако сака. Во овој момент тој мора да го избере најдобриот пат за себе. Тој мора да биде убеден во она што го сака. Јас лично не сакам да си замине, прокоментира Селино.
Балотели има проблеми и на теренот, главно поврзани со расистички навреди кон него од страна на навивачите на другите италијански тимови.