Премиерот на Малта, Џозеф Мускат денеска беше спречен да го напушти Парламентот поради демонстрантите кои бараат негова итна оставка.

Мускат претходно најави дека ќе поднесе оставка на 18 јануари откако неговата Лабуристичка партија ќе избере нов лидер.

Премиерот на Малта е под силен притисок да поднесе оставка откако шефот на неговиот кабинет беше обвинет за вмешаност во убиството на новинарката Дафне Карун-Галиција.

Каруана-Галиција беше убиена со бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2019 11:17