Тројца кубански државјани вчера биле лишени од слобода во близина на река Негорчанка, на граничната линија со Грција, поради незаконско преминување на државната граница.

Како што соопшти МВР, тројцата Кубанци, Ј.О.Ф.С.(29), С.Ф.Ј.(32) и Ј.А.Х.С.(32), биле лишени од слобода вчера во 10.40 часот.

Лицата се предадени на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2019 11:19