НАТО служи на голема цел, изјави американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Лондон пред почетокот на Самитот на Северноатлантската алијанса.

Трамп истакна оти е „многу навредлива“ неодамнешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО е во состојба на мозочна смрт“.

– Мислам дека тоа е многу навредливо… Многу непријатна изјава за 29 земји-членки, посочи Трамп.

Тој додаде дека никој нема поголема потреба од НАТО од Франција.

– Затоа тоа е многу опасна изјава, наведе Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2019 11:42