НАТО се состанува во Лондон во присуство и на претседателот на Франција Емануел Макрон, кој тврди дека организацијата е во состојба на „клиничка смрт“.

НАТО е најстарата воена алијанса во светот, таа го слави својот 70-ти роденден во Лондон. Но, денес кој е нејзиниот непријател, каква стратегија? Ова се, според извор во Елисејската палата, прашањата поставени од Емануел Макрон до неговите партнери преку неговата шок-формула за „клиничка смрт“, јави дописникот на МИА.

Во 1949 година, кога во Вашингтон беа потпишани Договорот на Атлантскиот сојуз од дванаесетте основачки земји, меѓу кои и Франција (Турција, се придружи во 1952 година), работите беа едноставни: непријателот беше Советскиот Сојуз, со своите источноевропски сателити на Варшавскиот пакт. Стотици илјади мажи, тенкови, авиони, а особено нуклеарни ракети со кои се гарантира взаемно уништување, беа собрани од двете страни на железната завеса, на поделената Европа.

Но, од крајот на Студената војна и падот на Ѕидот во 1989 година, непријателот се смени или дури исчезна, повеќето од поранешните вазали на СССР дури и влегоа во НАТО на големо незадоволство на Москва. Алијансата се прилагодува, интервенираше во Босна (1993) или Косово (1999) каде, под водство на претседателите Клинтон и Ширак, алијансата ја бомбардира поранешна Југославија. Слично на тоа, Франција учествуваше во операциите во 2001 година во Авганистан, откако американскиот претседател Буш ја активираше по нападите на 11 септемвр, според познатиот член 5 од Договорот, предвидувајќи дека ако еден од членовите биде нападнат, другите му помагаат. Со инвазијата на САД во Ирак во 2003 година или односот на чекање и на Вашингтон кон масакрите на Асад во Сирија, трансатлантските несогласувања стануваат видливи; НАТО, во кое доминираат Американците се уморни да платат повеќе од 60 отсто од бејзиниот буџет.

Што бара Макрон? – се запрашува Хенри Верне во весникот „Паризиен“ и истовремено одговара:

-Неговата цел е двојна. Прво, да испровоцира дебата на врвот, да се излези од патеката на здодевните состаноци, ова според еден дипломат близок до Елисејската палата.

Дебатата според него треба да биде за природата на непријателот, во ерата на меѓународен тероризам, кибернетички напади итн.

За односот со Русија, Макрон се залага за затоплување и дијалог иако неколку партнери, од балтичките и скандинавските земји на прво место, ја сметаат руската закана за поинтензивна од кога и да по украинската криза и анексијата на Крим.

За односот со Турција, за самото функционирање на Алијансата.

-Воената страна работи добро, нашите армии се интероперативни, вели за Паризиен висок француски офицер. Но, на врвот, сите членки не гледаат во иста насока.

Шефот на француската држава беше многу лут кога дозна преку твитер за одлуката на Трамп да ги повлече своите трупи од североисточна Сирија, додека турскиот Ердоган не ги предупреди своите партнери од НАТО за Офанзива против Курдите … наши сојузници против Даеш! „Тоа беше причината за реакцијата на Макрон, се објаснува од Елисејската палата.

Втората цел на Емануел Макорн, е да ја искористи оваа криза да даде поттик за европската одбрана, која тапка в место повеќе од 20 години.

-Но, Париз и Берлин напредуваат во конструкцијата на заеднички тенк и авион, неодамнешната иницијатива за одбрана на Европа мора да дозволи да се создадат заеднички контингенти, можеби наскоро во Сахел. И на крај тука е фондот од 13 милијарди евра помош за финансирање на заедничките воени програми во ЕУ, вели за „Паризиен“ европратеничката Натали Лоазо.

Сепак, повеќето партнери, како и германската канцеларка Меркел, стравуваат да не ги навредат Соединетите држави.

-Ние цело време да повторуваме дека Европа на одбраната не е против НАТО, туку комплементарна: тоа е сирењето и десертот“, вели еден од советниците на Елисејската палата,за парискиот дневен весник, кој заклучува -останува сега да претседателот Макрон ги стави на менито во Лондон.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2019 14:46