Американската технолошка компанија Епл ja претставува својата прва музичката премија „Епл Мјузик Авардс“, која ќе се доделува еднаш годишно, јави синоќа компанијата.

Церемонијата ќе се оддржи утре во аудиториумот „Стив Џобс“ во Купертино, Калифорнија.

Номинацијата артист на годината годинава ја доби музичарката Били Ајлиш, која заедно со нејзиниот брат победи и во номинацијата најдобар автор на песни, додека нејзината плоча „Кога сите заспиваме, каде одиме?“ стана најдобар албум. Дебитант на годината е пеачката Лиз, а песна на годината е „Стариот градски пат“ на раперот Лил Нас Икс.

Наградата што музичарите ќе ја добиваат е во форма на кружна тенка плоча со дијаметер 30 сантиметри направена од силикон и ставена во тенка кутија изработена од полиран лист стакло и алуминиум.

Изборот на победниците го прават уредниците на музичкиот сервис на „Епл“ и желбите на самите слушатели. За номинациите албум на годинаа и песна на годината се користат податоци од стримингот. Така на пример, победничкиот албум на Били Ајлиш бил прослушан повеќе од милијарда пати.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2019 21:45