Првиот автопат што свири во 1994 година во Данска го направија двајца уметници. Националниот центар за индустриски истражувања на јапонскиот остров Хокаидо го унапреди дизајнот и создаде т.н. „Пат на мелодијата“.

Притоа, тоновите се различни во зависност од брзината, а целта е да се допре до свеста на возачите да ја почитуваат брзината. Имено, ако возачот сака да ја чуе вистинската мелодија, ќе мора да вози како што е пропишано – до 50 километри на час.

Доколку брзината се зголеми, музиката се деформира, дисторзира и станува непријатна.

„Земјата на изгрејсонцето” на ист начин „оживеа” 33 делници ширум државата, но им даде пример и на други, па така, такви автопати сега има и во Калифорнија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2019 11:59