Емисијата на јалероден диоксид оваа година е благо зголемена и покрај намалената употреба на јаглен, тврдат научниците.

Годишната анализа на Глобал Карбон Проџект, која се однесува на емисијата, покажува дека CO2 е зголемен за 0,6 отсто годинава. Зголемувањето е резултат на големиот раст на користењето нафта и гас. Од Парискиот договор 2015 година, емисијата на CO2 е зголемена за 4 отсто.

Минатата година емисијата била зголемена за три проценти, а големата побарувачка за јаглен во Кина е главниот фактор. Зголемена е и побарувачката за нафта поради растот на глобалниот пазар на автомобили, посебно возила СУВ.

Годинава растот е скромен, доколку може да се нарече раст, бидејќи границата за грешка е голема.

Иако глобалната емисија предизвикана од користење јаглен се намали за нешто помалку од еден отсто, значителен пад е евидентиран во САД и ЕУ, кој изнесува околу 10 проценти. Помалото користење јаглен како извор на енергија резултираше со континуиран раст на потрошувачката на нафта и гас. Употребата на гас се зголеми за 2,6 отсто, а се зголеми и употребата на обновливи извори на енергија, како што се ветер и соларна енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2019 12:03