Постхумниот албум „Thanks For The Dance” на Леонард Коен, по пуштањето во продажба, се најде на првото место на топ-листата за албуми во неговата родна Канада.

Компилацијата, покрај тоа, е на прво место и на листите во Белгија, Данска, Германија, Холандија, Норвешка и Швајцарија.

Леонард Коен е една од најдолговечните културолошки икони на современата историја, а неговата музика, поезија и проза и денес имаат влијание, како и инспирација за публиката ширум светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 13:04