Кинезите и Американците остануваат во „близок контакт“ во обид да дојдат трговски договор, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

– Тимовите за преговори остануваат во близок контакт, рече портпаролот на кинеското Министерство Гао Фенг.

Кина и САД се во посебно тензични односи во последните неколку дена откако американскиот Конгрес ја осуди политиката на кинеските власти во Хонг Конг и во областа со мнозинство муслимани во Синџанг, каде живеат Ујгурите.

Пекинг вчера го критикуваше Конгресот и се закани со соодветна реакција, што предизвика стравувања дека трговските разговори може да бидат прекинати.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 13:51