Нема случајност во изборот на 5 декември за почеток на штрајкот во Франција, имено доколку француските синдикатите решија да го започнат своето движење за мобилизација токму овој четврток, тоа е во знак на „почит“ на победничкиот конфликт од 1995 година против планот Жупе, кога започна заедничкиот штрајк на сите синдикати, по што владата на Жупе попушти, јавува дописникот на МИА.
Датумот 5 декември, беше избран пред повеќе од два месеци за да се означи почетната точка на „големото објаснување“ против пензиската реформа на Емануел Макрон. Датумот беше утврден првично од синдикатите на РАТП (метрото и возовите на Париз и парискиот регион)кои сакаа, во пресрет на нивната многу силна мобилизација на 13 септември, да предвидат многу брзо 2 чин за да ја продолжат борбата. Потоа, на овој датум се приклучија нивните колеги во СНЦФ (државната железница), а потоа и конфедерациите на синдикатите ЦГТ, ФО, Солидер, ФСУ (со нивниот повик за штрајк на сите професии во приватниот и јавниот сектор), репрезентативните организации на младите, адвокатите, полицајци, контролорите на летањем болничкиот персонал …
Конфликтот всушност започна две недели порано, во петок, на 24 ноември, со повик за штрајк низ државните служби и државните компании, вклучително транспортот.
За синдикалците во борба, 5 декември е навистина симболичен датум. Тој се однесува конкретно на 5 декември 1995 година, кога реформата носена од тогашниот премиер Алан Жупе имаше исто така за цел да ги укине специјалните пензиски режими, односно да се усогласат одредени параметри со оние на приватниот сектор, реформирани пред две години со уредби. Конфликтот всушност започна две недели порано, во петокот, 24 ноември 1995 , со повик за штрајк низ целата државна служба и јавните компании, транспортот (вклучувајќи ги СНЦФ и РАТП).
Движењето, празнично и многу следено, го продолжи викендот во СНЦФ (со продолжуван штрајк против планот со кој се сакаше укинување на 6000 км непрофитабилни линии и 73.000 работни места ) а од понеделник 27-ми од страна на РАТП и нивните колеги Поштата, Франс телеком … што доведе тогаш до тотална парализа на транспортот и јавниот сервис цели три недели.
Но, пресвртот на мобилизацијата против премиерот Ален Jупе, кој најпрво рече де се чувствува „исправен во неговите чизми“ против штрајкувачите, ќе се случи неколку дена подоцна, во вторникот … 5 декември 1995 со повик, многу силно поддржан од јавното мислење (терминот „штрајк со полномоштво“ се роди тој ден), беше „силен ден на национална акција во приватниот и јавниот сектор“ од страна на сите синдикати – исклучок на ЦФДТ, кој излезе неколку дена порано од протестното движење – со паролата на демонстрациите „сите заедно! сите заедно! “
Вторникот, 12 декември 1995 година ќе биде кулминацијата на конфликтот. Не помалку од милион луѓе дефилираа низ улиците на Франција според полицијата (трипати повеќе според синдикатите).
Само три дена подоцна Алан Жупе на 15 декември, го повлекува неговиот план за пензиските реформи – што тој веќе ги измени – во државната служба и во специјалните режими. Тој го задржува само делот за социјално осигурување (чии главни линии сè уште се на сила денес) кои се донесени со уредби на 30 декември. Движењето спласнува по повлекувањето на планот на владата се додека не се одржи „социјалниот самит“ во четврток, 21 декември 1995 во Матињон за решавање на конфликтот кој започна еден месец порано.
Француските синдикати не ја исклучуваат можноста конфликтот да продолжи и после денешната мобилизација, а штрајкот веќе е најавено дека ќе продолжи и утре во јавниот транспорт.