Генералниот секретар на ОН назначи осум членови на новоформираниот Висок панел за прашања за внатрешно раселени лица, каде за копретседавач е избрана поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерико Могерини, соопштија Обединетите нации.

Другиот копретседател на телото е Доналд Каберука, поранешен претседател на Африканската банка за развој и актууелен претседател на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

Високиот панел ќе соработува со влади, меѓународни организации, граѓанско општество и приватниот сектор.

Могерини напиша на Твитер дека едвај чека да копретседава со панел што се занимава со прашањето за раселените лица и изрази надеж дека ќе придонесе за решавање на еден од „најдраматичните предизвици на нашето време“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 14:00