Подигнување на конкурентноста на малите и средните претпријатија, постигнување конкурентска одржлива предност на извозот на прехранбено-преработувачката индустрија и помош во интернационализацијата и подигање на извозниот капацитет и можности е целта на проектот што во изминатите 24 месеци се спроведуваше од Организацијата на работодавачи на Македонија и Институтот за динамичен развој Сфера-нова, финансиран од ЕУ.
Денеска на завршна конференција во Скопје беа презентирани резултатите од проектот. Во рамки на проектот е изработена бизнис анализа за извозните можности во Бугарија и Шведска за прехранбено-преработувачки производи, спроведени се обуки за извоз на МСП, каде е работено на техничката подготвеност, градење нови вештини и знаења за извоз со вкупно 14 компании, а изработен е и издаден Прирачник за извоз во електронска и печатена форма, развиени се Веб платформа
Учесниците сметаат дека проектот треба да продолжи, а претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров истакна дека согласно нивото на развој на нашата економија, индустријата се уште треба да биде носител на развојот:
– Македонија својата конкурентност треба да ја темели на новите технологии, зголемената продуктивност и извозот на своите производи. За да ја оствари оваа цел, покрај потребниот капитал за набавка на современа технологија потребно е да имаме едуцирани работници, како во производството, исто така и во пласманот на производите. Затоа со овој проект посебно внимание се посвети на испитувањето на пазарот, извозните процедури и стандардите за извоз на производи на странските пазари, рече Димитров.
Во продолжение акцентот треба да биде ставен на зајакнување на капацитетите на конкурентност на компаниите, зајакнување на капацитетите на компаниите за користење на ЕУ фондови и иновативност во сферата на преработувачката индустрија за храна.
На креаторите на политики им препорачуваат во делот на кондиторската и преработувачкат аиндустрија да има зголемување на достапноста на кредити, поедноставување на регулативата, подобрување на собирањето и дисеминацијата на информации за странските пазари, подобрување на соработката меѓу економските чинители, комбинирање на краткорочни и долгорочни политики за раст на извозот, намалување на тарифите за увоз и/или извозните давачки, намалување на природните бариери во трговијата, зголемување на извозните и/или увозните квоти…