Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изрази надеж дека лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин нема да победи на претстојните избори на 12 декември.
– Лично се надевам дека нема да биде избран, истакна Кац, кој како причина за таквиот став го наведе „бранот антисемитизам кој Корбин не го одрекува“.
Корбин настојуваше да ги ублажи острите критики за антисемитизам со кои се соочија тој и неговата партија пред изборите. Иако изразуваше несогласување со сите облици на расизам, вклучувајќи го и антисемитизмот, Корбин повеќе пати одби да се извини за каков било антисемитизам во својата партија во последните неколку години.