Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска го распушти парламентот и закажа предвремени парламентарни избори за 9 февруари 2020 година. Распуштањето на парламентот следеше откако во понеделникот пратениците го побараа овој чекор како одговор на оставката на премиерот Новрус Мамадов, која му беше поднесена уште во октомври.
Редовните парламентарни избори беа предвидени за ноември 2020 година.
Претседателот Алиев го има поголемиот дел од власта во Азербејџан, каде парламентот има ограничена улога во политичкиот систем на земјата.
Алиев е на власт од 2003 година, а во арпил 2018 година повторно беше избран за шеф на државата.