Двајца војници загинаа, како и двајца талибански бунтовника, откако воени единици извршиле упад во нивно засолниште на границата со Авганистан, соопшти пакистанската војска.

Засега не се соопштени детали од акцијата, која е извршена во регионот на Северен Вазиристан.

Талибанците во последните месеци ги зајакнаа нападите врз безбедносните сили во регионот.

Војската тврди дека со последниот напад го расчистила подрачјето во кое припадници на милитантни групи се обидувале да се прегрупираат, а акцијата предизвикала страв меѓу населението.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 19:44