Русија е подготвена до крајот на декември да го продолжи Новиот СТАРТ договор за конрола на нуклеарно оружје без дополнителни услови и дополнителни разговори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Британските медиуми пренесуваат дека Новиот СТАРТ договор, што завршува во февруари 2021 година, е последниот голем договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу Русија и САД, што го ограничува разместувањето на стратешките нуклеарни боеви глави.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 20:22